АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од 1 јануари до 30 септември годинава пријавени се 44 случаи на семејно насилство врз жени во градот Битола и 13 случаи на насилство врз жени по селата.
Аница Аврамовска (58), од пелагониското село Новаци е жртва на семејно насилство. Млада останала самохрана мајка, со две деца и по смртта на нејзиниот сопруг била нападната од свекорот. Случајот го пријавила во полиција. Судот во Битола пресудил во нејзина корист, но по пресудата свекорот ја избркал од семејната куќа во која со години живееле и придонесувале со сопругот.