АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рудниците на РЕК Битола е тешко да се работи и зима и лето. Тоа е исклучително одговорна работа, а нема годишно време кое им е наклонето на рударите. Во лето е многу жешко и има голема прашина, а во зима е студено, има вода, поплави, кал. Оваа работа може да биде многу ризична доколку не се почитуваат правилата и работникот не е одговорен. Вака го опишаа своето работно место двајца пензионирани работници од РЕК Битола, Симјан Талевски и Ѓорѓи Сотиров, кои целиот свој работен век го поминаа во комбинатот. Тие по повод Денот на рударите заедно со уште 45 вработени во РЕ „Рудници“ добија признанја и награди за посветоноста во извршувањето на работните задачи.