
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За неполн час вчера биле употребени 49 ракети врз градоносните облаци во Пелагонија и 34 во Битолско-Демирхисарскиот регион, но, од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека поради високите параметри било невозможно да се спречи појавата на град. Сепак, со ова авионско засејување беше намален интензитетот на овие обалци, што значи штетите предизвикани врз земјодлеските посеви можеа да бидат уште поголеми без авионското засејување.
АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА УПРАВАТА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ
Во изминатите 24 часа во Битола наврнаа 33 л/м2 дожд.
Управата за хидрометеоролишки работи објави МЕТЕО предупррдување во кое најавува нестабилно време со локално невреме во наредните денови
Времето денес (27.02.2020 год.): Променливо облачно со повремен дожд, на планините од снег, особено во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец, повремено со брзина од 50 до 70 км/час и на планините ќе има појава на снежни наноси. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. T= 13 °C, P= 972 hPa, U= 48 %, V= 6 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Времето утре- Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси.
