2win800x200

Стотина ракети вчера не успеаја целосно да ги уништат градоносните облаци низ Пелагонија (видео)

Јуни 22, 2021

За неполн час вчера биле употребени 49 ракети врз градоносните облаци во Пелагонија и 34 во Битолско-Демирхисарскиот регион, но, од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека поради високите параметри било невозможно да се спречи појавата на град. Сепак, со ова авионско засејување беше  намален интензитетот на овие обалци, што значи штетите предизвикани врз земјодлеските посеви можеа  да бидат уште поголеми без авионското засејување.

Ккао изгледа авионско дејствувањe со ракети врз градоносни облаци-извор УХМР

 

-Вчера, централниот дел од Пелагониската котлина беше зафатена од силна нестабилна воздушна маса која брзо се формираше во планинскиот предел западно од Пелагонија. Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Тополчани и Ѓуриште во соработка со АЕРОКЛУБ Скоје, дејствуваше во перодот од 15:45 до 16:43 часот со 49 палки врз градоносните облаци кои имаа екстремно високи параметри ( за споредба: обично јадрото на градоносните облаци се наоѓа на висина од 3 до 6 километри, на овие облаци јадрото беше помеѓу 8 и 12 километри висина) и според тоа имаше услови за појава на крупни зрна град.Со дејство врз вакви повеќеќелиски градоносни облаци со екстремно високи параметри невозможно е да се спречи појавата на град, само може да се намали интензитетот и да не се дозволи да се прошири на поширок регион., велат од УХМР за апла.мк

Од таму инфромираат дека и во Кичевскиот регион беше дејствувано врз градоносни облаци во периодот од 17:57 до 18:14 часот со 16 палка и во периодот од 18:52 до 19:20 часот се изврши авионско засејување на градоносни облаци во Битолско - Демирхисарскиот регион со 34 палки, односно вкупно вчера се дејствуваше со 99 ракети низ цела држава.

Од УХМР велат дека формирањто на облаците се следи на радар и се дејствува во рана фаза, но, понекогаш градоносните облаци се формираат со исклучително голема брзина, а вчерашните биле со исклучително високи параметри, па затоа биле тошко да се се спрели појавата на град. Заштитата од град на било кој начин, не е повисока од 60 до 70 проценти.

Инаку само во јуни годинава употребени се вкупно 1254 ракети за разбивање на градоносни облаци, а за споредба лани, во текот на цела година се дејствувало со 1083 палки. Лани во јуни биле упторебени 487 ракети. Од УХМР велат дека палките и реагенсот се идентични како и оние кои се кроистеле во 2020 година за засејување на градоносните облаци.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани