2win800x200

Новото раководство на Техничкото училиште во Битола, започна со санација и реновирање на три училници кои заради негрижа од бившите раководства со години биле оставени да скапуваат во влага со  мувлосани ѕидови и распаднат малтер.

Директорот на средното техничко училиште Владимир Роме, вели дека училиштето во оваа зграда опстојува од 1986 година и од тогаш до сега ништо не е сменето и реновирано, особено не, во водоводот и одводот. Цевките се целосно зарѓени, испукани и дотраени, а таква е состојбата во целото училиште, за што говорат и фотографиите.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани