АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На плоштадот „Магнолија“ денеска битолчани беа изненадени од неколкуте бали сено убаво подврзани со украсни панделки, оставени на плоштадот, па минувачите на шега се прашуваа дали сеното е предновогодишно честење за коњот на Филип Втори?
Ова не е прв пат бали со сено да бидат оставени пред споменикот на античкиот владател во центарот на Битола, тоа се случи и во 2016 година за време на протестите на „Шарената револуција“.
Не така одамна, едни го фарбаа со боја и го гаѓаа со јајца, други го тушираа и чистеа , а сега споменикот на Филип Втори, односно постаментот е претворен во огласа табла, па минувачите подзапираат да прочитаат за некој спортски натпревар, оглас, реклама или настан што ќе се одржи во Битола.
Група од стотина граѓани вечерва се собра на плоштадот Магнолија пред споменикот на Филип Втори и славеа што на референдумот за промена на името не успеа да се постигне цензусот. Тие носеа македонски знамиња и ја пееја песната „Едно име имаме“.
По студентските протести во понеделникот во Битола против промената на името, 16 кракото сонце заврши во рацете на Коњаникот на плоштадот Магнолија. Некој го стави на споменикот на Филип Втори кој се издига на плоштадот Магнолија каде беше и студенскиот собир. Споменикот беше подигнат пред седум години од страна на претходната локална власт на Битола. Филип Втори на животи видел многу битки, а неговиот споменик многу бои. Откако е поставен сведок е на бројни протести и партиски митинзи. Тие му се најчести во агендата. Има само седум години, а доживеа бурна историја. „Шарените“ го боеа, други го чистеа, поранешните градските власти едно време го претворија во лампион, сега служи како збирно место за протестите поврзани со зачувување на јазикот и името. Едни му испишаа недолични цртежи и зборови, а други му прикачија знаме да ги води. Коњаникот во срцето на градот е уште еден доказ за поделеноста на народот.
Битола нема среќа со фонтаните. Старите ги уриваат, а новоизградените ја поплавуваат околината