2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

НА ДЕНЕШЕН ДЕН - 11 ОКТОМВРИ 1941 започна АНТИФАШИСТИЧКОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, кое постепено прераснало во Националноослободителна војна и довело до формирање на првата македонска национална држава.

Во Битола се одбележа 11 Октомври, денот кога пред 78 години македонскиот народ се приклучи кон антифашистичката војна. Претставници на Созјузот на борците, градоначалничката, членови на  општинскиот Совет, политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМН, како и нивните подмладоци,  положија цвеќе пред Споменикот на револуцијата пред Центарот за култура.

Денот на антифашистичкото востание на македонскиот народ и почетокто на народноослободителната борба, 11 Октомври, денеска се одбележува и во Битола.

Во пресрет на Денот на востанието на Македонија, 11 Октомври, децата  од Јавната општинска установа, „Естреја Овадија Мара“, односно групите на возраст од 4 до 6 години од градинката „Пролет“, денеска се поклонија и положија цвеќе пред споменикот на нивниот патрон, во дворот на Здравствениот дом во Битола.

Македонскиот народ со жртви ја плати слободата. Секогаш треба да имаме во предвид дека за оваа слобода што ја имаме денес, дадовме 25 000 жртви, порача Александар Трајковски, претседател на Сојузот на борци од Битола на денешното чествување на 11 –ти Октомври во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани