АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонскиот народ со жртви ја плати слободата. Секогаш треба да имаме во предвид дека за оваа слобода што ја имаме денес, дадовме 25 000 жртви, порача Александар Трајковски, претседател на Сојузот на борци од Битола на денешното чествување на 11 –ти Октомври во Битола.
-Денес е голем ден кога започна првото Востание на македонскиот народ поротив фашистичката окупација. На денешен ден прилепските партизани ја започнаа борбата против бугарскиот окупатор. Во ноќните часови беше нападнат участакот, беа прекинати телефонските и телегарфските линии. По ова, фашистите притворија околу 300 прилепчани симпатизери на Народно-ослободителната борба и лево ориентирани луѓе- рече Трајковски.
И Битола даде голем придонес во Народно-ослободителната борба со над 6000 учесници и 266 загинати борци.
-На територијата на Битолско беа формирани три партизански одреди „Пелситер“, „Даме Груев“ и „Јане Снадански“. Тие одиграа голема улога во борбата против фашистичката окупација. На 18 јули кога беше нападната полициската станица во село Кажани , во рок од 3 дена фашистичката полиција притвори 500 граѓани на Битола. Поголем дел од нив беа осудени на смрт, 20 на дожовотен затвор, а другите до 20 години затворска казна- рече Трајковски.