АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Не само што партизанските одреди носеле имиња на Илинденците, туку и самите партизани ги употребувале како свои псевдоними. На пример, Јосиф Јосифовски-Свештарот се нарекувал Ѓорче, Трајан Белев - Гоце, ги има многу такви зашто идеалот им бил слободна Македонија како што ја замислувале на времето борците во Илинденскаото востание. Партизаните се идентификувале со нив и со нивните идеали“, рече Стефан Бошков, претседател на Сојузот на борци од Битола на денешното одбележување на Денот на востанието и на борецот, како и на 80-годишнината од формирањето на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ и баталјоните „Мирче Ацев“ и „Страшо Понџур, како и од загинувањето на борците од Битолско во 1943 година.
„Пораката е венчно да ги славиме овие историски датуми. Тие да останат во меморијата на младите и децата, тие се нашата иднина и тие понатаму треба да продолжат да ги слават. Годинава изненадувачки имаше повеќе прослави за 11 Октомври од претходно. Ирелевантна е Бугарија, ние треба да си ги славиме нашите празници 11 Октомври, наскоро доаѓа и 4 Ноември- Денот на ослободувањето. Илинден да си го славиме, ние како Македонци, а Бугарија не ни е битна“, рече Бошков.
Битолчани одбележаа и осум децении од формирањето на партизанските баталјони „Мирче Ацев“ и „Страшо Пинџур“ кои не носат имиња на битолски партизани, но многу од борците од партизанскиот одред „Даме Груев“ од Битола кој беше јатка на народно-ослободителното двиежње во Македонија, а не само во битолскиот крај, влегоа во борбениот состав на баталјоните.
Сите десет основни училиште од Битола со рецитали посветени на паднатите борци во НОБ, песни, литературни творби и танцови точки се вклучија во чествувањето. Беа доделени и награди во три катергории за учениците од основните училишта на литературниот конкус „Пламенот наш октомвриски вечно гори“.
Ж.ЗДРАВКОВСКА