2win800x200

Стефан Бошков со реакција за отворањето на новиот бугарски клуб во Битола на истата улица со Сојузот на борци

Февруари 20, 2025
Стефан Бошков со реакција за отворањето на новиот бугарски клуб во Битола на истата улица со Сојузот на борци Стефан Бошков

Стефан Бошков, внукот на народниот херој Стив Наумов и првоборецот Ѓорги Наумов од НОВ, и актуелен претседател на Сојузот на борци Битола, испрати своја реакција за отворањето на новите канцеларии на бугарското здружение „Балкански мост" во Битола на улицата „Маркс и Енгелс“, неколку куќи подолу од седиштето на Сојузот на борци - Битола.

Реакцијата на Бошков ви ја пренесуваме во целост:                                     

 

- Во близина на седиштето на Сојуз на борците од НОАВМ 1941-1945 Битола, како што објавивте денес, се отвори нов, бугарски, наводно ,“културен“ клуб. Со оглед на поставката што ја опишавте се работи за уште еден бугарски пропагандистички клуб наменет за негирање на се' што е македонско. Едниот е оддалечен околу 200, а новиот 30-тина метри. Можеше да биде отворен и во истата ( еврејска) куќа во која е и нашето седиште. До скоро горниот спрат беше слободен.

 
Како добри соседи и домаќини ние сме спремни претставниците на овие клуба, меѓу кои некои ми се добро познати, да ги примиме во нашите простории, да ги почастиме со кафе, локум ( по битолски), меѓутоа за да влезат во нашиот двор, прво треба со нив да го носат черепот на Тодор Ангелевски – (Тошо Даскало) , кој бугарските фашисти го зедоа со нив како “воен“ трофеј од изгорената плевна во с.Лавци и второ, да носат со нив документ или информација за тоа каде се гробовите на Стив Наумов и Мите Богоевски. Подоцна секако, ќе треба да ни достават уште многу архивски документи, судски списи за судењата и бесењата и убиствата на нашите херои, за сите депортации на битолчани, Македонци и Евреи, полициски и воени наредби меѓу кои и наредбата за стрелањето на Ваташките младинци, документи што ги кријат за целокупниот период на нивното фашистичко владеење во периодот од 1941-1944 год.
 
Бидејќи се работи за “културна“ дејност која наводно ќе ја обавуваат, а историските книги се исто така дел од културата, за возврат ќе им поклониме многу книги, меѓу кои: „Битола и битолско 1941-1944“ 4 тома, „Битолските партизански одреди“, „Седмата Бригада“ биографии, за Стив, Елпида, Коле Канински, за Евреите и за други, со цел да им ја збогатиме збирката. Еднаш нешто да научат.  Зачудува леснотијата со која се дозволува отворање на вакви клубови. Уште колку такви ќе се отворат?
 
20.02.2025
 
Стефан Бошков
 
Претседател на ОО на СБМ од НОАВМ 1941-1945, Битола 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани