АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вистински музички спектакл приреди балканската музичка ѕвезда на Фестивалот на музика од светот во Битола. Битолчани ги почести пеејќи ја песната ,,Ако одам во Битола", а потоа следеа ,,Јовано, Јованке", ,, Судбо клета", ,,Шекерна"" и други македонски и српски хитови.
Српската поп ѕвезда, Јелена Томашевиќ, пред вечерашниот концерт на фестивалот „Музика од светот“ во Битола, прошета по Широк Сокак и се пофали со фотографија на инстаграм под која напиша : „Ако одам во Битола ќе прошетам по Широк Сокак“, стих од една од најпопуларните песни за Битола чиј автор е Петар Георгиев Калица.
Српската поп пејачка Јелена Томашевиќ и финската музичарка Хели Сиекинен од Финска кои се гости на Фестивал на музика од светот, заедно со директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски, засадија дрвца пред Центарот во Битола.
Јелена Томашевиќ на 16 ноември настапува на фестивалот „Музика од светот“во Битола.
Јелена Томашевиќ Босилчиќ е вокален интерпретатор на поп музиката со силно изразени гласовни можности и вештини.
Од победата на детскиот наптпревар „Шаренијада“ на седум годишна возраст, преку победите на телевизискиот натпревар за млади таленти „ТРИка дур“, победите на Беовизија во 2005 и 2008 година, настапот на Евровизија во 2008 година, настапот во филмот „Ивкова слава“, учеството во мјузиклот на Ивана Жигон „Бели жерави“, Јелена стана високореспектирана и барана ширум Европските сценски простори.
Нејзиниот прв албум „Панта реи“ во продукција на Минакорд стана најпродаван и најслушан албум во регионот, а вториот студиски албум објавен во 2015 година повторно и донесе голем успех кај публиката, критиката и колегите.
Јелена е една од ретките која успеала два пати последователно во 2016 година да ја наполни концертната сала на Сава Центарот во Белград, Србија.
Со години реализира концерти во Србија и регионот и успешно ги освојува срцата на публиката и стручните лица од областа на поп музиката.