2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Јелена Томашевиќ и Хели Сиекинен засадија дрвца во Битола

Ноември 15, 2019

Српската поп пејачка Јелена Томашевиќ и финската музичарка Хели Сиекинен од Финска кои се гости на Фестивал на  музика од светот,  заедно со директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски, засадија дрвца пред Центарот во Битола. 

{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=gg1bkWNoiho{/YouTube}
Томашвиќ рече дека пред концертот веќе направила проба со битолскиот Камерен оркестар.
 
-За првпат сум во Битола и возбудена сум исто колку и публиката пред концертот. Благодарам на сите кои купија карти во рекореден рок, ветувам дека повторно ќе се вратам во Битола. Големо задоволство ми е што пеам заедно со Камерниот оркестар од Битола. Имавме проба, звучи божествено, рече Томашевиќ.
 
 Сиекинен, инаку виртуоз на хармоника настапува вечерва заедно со Камерниот оркестар. Утре, сабота, е концертот на Јелена Томашевиќ, а в недела е концертот на Џамбо и Агушеви. 
 
Битолчани се познати по желбата да ни се  случува нешто интересно во градот и сме публика која ги следи сите културни настани. Можеби залакот е преголем затоа што три дена ќе имаме три големи концерти, рече директорката на Центарот за кулрура , Маја Андоновска Илијевски
 
75224858 557582915027483 4954162325448818688 n
 
75550353 767487507049407 2335570792856682496 n
 
76776601 414500642552152 6734720822792945664 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани