2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

РЕКОРДЕН БРОЈ НА МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТИ ВО СЛОВЕНИЈА

Ноември 14, 2019

„Словенија е топ дестинација за студенти од Северна Македонија. Тоа станува своевирден феномен. Во моментов има околу илјада македонски студенти, што е рекорд оти од ниедна друга земја нема толку“, рече словенечкиот амбасадор Милан Јазбец кој денес промовираше свои книги во Библиотеката на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.

 

„Се запишуваат многу на медицина, ете има и поранешена ученичка од ова училиште која денес е втора година на студии по астрономија во Словенија, потоа на природни и општествени науки, значи за сѐ има интерес. Јазично сме блиски и по култура и менталитет, но и по оддалеченост. Тоа е растојание од 13 часа со возило од Битола, а девет- десет од Скопје. Сите кои од вашата држава студираат во Словенија имаат поголема можности да се вратат дома и да продолжат со работа онаму каде што се родени отколку ако оди човек да студира во Шведска, САД и други подалечени места“, рече амбасадорот Јазбец.

Тој напомена дека во Словенија се правени емпириски истражувања кои покажуваат дека македонските студенти се едни од најдобрите таму. Имаат и можности за да најдат работа.

„Како реултат на тоа студирање во Словенија тројца до четворица најдобри светски експерти за роботика се од Македонија и работат во Словенија на институтот „Јозеф Штефан“, тројца- четворица најдобри уролози на светот се од Македонија , а работат во Словенија. Двајца до тројца светски кардиолози се по потекло од оваа земја, едниот е од Охрид, а работат во Марибор“, рече амбасадорот.

Според него, тоа е доказ за квалитетот на образовниот систем во Словенија. Додаде дека во нивната држава живеат и работат околу 20 000 Македонци, а плус има и 21 000 словенски државјани со македонско потекло, што не се мали бројки, ако се има во предвид малата популација во двете земји.

Амбасадорот своите книги „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ и „Мартон Крпан- дипломат и воин“ ги презентираше пред битолските гимназијалци, во Библиотека каде раководител е Драган Ристевски со кој Јазбец уште на времето заедно студирале во Словенија на новинарство.

„Библиотеката е отворена за секаква соработка со надворешни културни работници и лица од општествениот и политичкиот живот. По втор пат доаѓа Милан Јазбец, а промовира книга поезија и за дипломатијата за Мартин Крпан“, рече Ристевски.gimanz4

gimnaz2

gimanzija 5

Ж. З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани