АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младинското радио при Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола одбележа една година успешна работа при што беа доделени сертификати нза учесниците. Со креирани над 25 поткасти во минатите неколку месеци, Младинското радио ја затвара првата сезона, и започнува со втората сезона во која се планира да гостуваат низа на одлични гости!
Првата фаза од проектот беше комплетирана на 30-ти октомври 2023 година со доделување на сертификати за сите ученици. Како гостин на овој настан беше претставничка на американската амбасада, госпоѓата Аугуста Филбин, асистент за односи со јавност, којашто ги поздрави учесниците и ги подели сертификатите.
Проектот „Младинско радио! Во етер!“ започна со имплементација во октомври 2022 година од страна на организацијата ГЕТ ИНОВАЦИЈА Битола во соработка со СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола и поддржам преку Програмата за демократија на Амбасадата на САД во Северна Македонија.
Овој проект предвидуваше создавање на првото средношколско радио во земјата и пошироко. Денес, Младинското радио сместено во просториите на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола е медиум кој доставува релевантни информации за сите средношколци преку поткасти кои се објавуваат секоја среда. Во неколкуте рубрики под кои се креираат поткастите, вклучени се теми поврзани славните личности од Македонија, тековни случувања и настани во Битола и пошироко, и успешни ученици на Гимназијата.
Од својот почеток, проектот предвидување практични работилници за обука на 20 средношколци за работа во радио. Овие работилници беа имплементирани во соработка со новинарката Соња Тантарова Груевска од УКЛО ФМ, а техничките работилници беа спроведени од Љупчо Цветковски, техничка поддршка на УКЛО ФМ.
После практичните работилници беше комплетно опремено студиото на Младинското радио сместено во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола.
Сите учесници започнаа со својата аматерска радио кариера и беа дел од радио кампот во Струга организиран во рамки на проектот. Овој камп беше воден од Зорица Николовска, радио новинар од Македонско радио 2 која ги воведе учесниците уште попрофесионално во процесот на креирање поткасти и создавање на медиумско присуство на радиото на национално ниво.
Следете го секоја среда!