2win800x200

 Низ улиците во Битола се слави победата на Македонската фудбалска репрезентација над Грузија, со која за првпат во историјата Македонија се пласира на Европско првенство.

Битолчани слават со вклучени сирени на автомобилите,  нив им се приклучуваат сите оние кои во тој момент се нашле низ сообраќајниците во градот.

Во Битола денес се регистрирани 50 новозаболени, 19 оздравени и 2 починати од КОВИД-19. Во Регионалниот КОВИД центар во Клиничка болница- Битолa хоспитализирани се 80 пациенти. Активни се 573 случаи

Вкупниот број на заболени  во Битола од почетокот на кризата до 8 ноември изнесува 1054, а на починати 34. За една недела од 2 до 8 ноември се заразиле 343 битолчани, а во последните две недели 639, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Во овој период во Битола се регистрирани 518 активни случаи, а починале 11 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3404 тестирања, а регистрирани се 1285 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-522, Куманово-43,  Дебар-3, Штип-46, Прилеп-79, Тетово-73, Струга-25, Велес-63, Битола-57, Охрид-40, Кавадарци-46, Гостивар-54, Гевгелија-17, Струмица-36, Крива Паланка-8, Радовиш-13, Крушево-1 , Кочани-22, Пробиштип-2, Демир Хисар-5, Македонски Брод-4, Берово-5,  Валандово-3, Виница-11, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-44, Ресен-4, Неготино-27.  
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: Скопје-162, Куманово-5, Дебар-1, Штип-2, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани