АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младиот битолски диџеј Љубиша Милошевски деновиве ги воодушеви битолчани со својата креативна идеја да го развесели градот. Тој од балконот на Градскиот часовник им испрати „Микс од Саат Кулата“. Во миксот ја вметна и мелодијата од легендарната битолска песна „Ако одам во Битола“ на композиторот Петар Георгиев- Калица. Љубиша неа ја изведе на саксофон во хаус ритам. Изведбата заедно со убавините на Битола кои се гледаат од Часовникот се овековечени на видеоматеријал изработен од Дамјан Гугучевски.
„Целта на видеото е да се претворат лошите денови во добри денови, да се види светлината на нашиот град и вечната Саат Кула да се круниса со звуците од саксофонот“, вели за Апла.мк ДЏ Љубиша.