АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младиот битолски диџеј Љубиша Милошевски деновиве ги воодушеви битолчани со својот нов микс снимен во авион кој лета над Битола, од каде се гледа прекрасна панорама на градот од облаци.
„Миксот е снимен во авион и е во склоп на хаус музика во комбинација со саксофон. Кога во претходниот микс кој го изведив од Саат Кулата ја здогледав мојата Битола посакав да ја видам од уште поголема височина. И така одлучив со мојата музика да полетам над Битола и стигнав до лимитот, до небото над градот. Чувството да се гледа од горе Битола е големо до самото небо. Голема благодарност до Аеро Клубот, поздрав до вашите и моите фанови од небото над мојот град на конзулите“ изјави диџеј Љубиша за Апла.мк.
Тој на битолчани им е познат по својата музика и креативните начини на изведба. Пред еден месец од балконот на Градскиот часовник испрати „Микс од Саат Кулата“. Во миксот ја вметна и мелодијата од легендарната битолска песна „Ако одам во Битола“ на композиторот Петар Георгиев- Калица. Љубиша неа ја изведе на саксофон во хаус ритам.