Масовен собир во паркчето кај Музејот без дистанца и маски

Јуни 19, 2020

Масовен собир на битолчани се случи вечерва  на местото на некогашната Бела фонтана, поточно во паркчето пред Завод и музеј во Битола. На ова место беа собрани десетици битолчани, седнати еден покрај друг на клупите и ѕидовите без дистанаца меѓу нив, а на сликата се гледа дека и ретко кој носи маска. Ова се претежно млади друштва кои се берат на местото во вечерните часови. Ваква слика може да се види и во други денови. 

Токму денес министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во Битола изјави дека  МВР ги презема сите неопходни активности за спречување на короната, но толкав им е капацитетот на вработени лица во секое сокаче, па апелираше граѓаните да имаат висока свест. По ова подели заштитни маски низ Широк Сокак, но вечерва насобраните битолчани кај фонтаната слабо носеа маски, ако не е и воопшто.    ффф

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани