2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Патувачката изложба „Ана Франк - Историја за денес“ во  четврток, 23 мај, со почеток во 18 часот   ќе биде отворена  во просториите на средното училиште „Таки Дасакало“ во Битола, кое е домаќин на овој настан во соработка со Младинскиот образовен форум. 

Од денес до петок во Битола група од 50-тина наставници и ученици ќе учествуваат во таканаречената активност за учење, настава и обука во рамките на меѓународниот проект „ Биди зелен“. Домаќин на оваа активност е Средното општински училиште „Таки Даскало“. Овој проект се реализира во рамките на прогрмата Ерасмус плус, која е водечка програма на Европската Комисија, фокусирана на образованието, обуката, младите и спортот.

Учениците од СОУ „Таки Даскало“ од Битола, заедно со своите ментори,  предновогодишно подготвија настан насловен „Queen - музички спектакл со хумана мисија и љубов кон уметноста“. Познатите хитови на легендарната музичка група Queen беа интерпретирани од ученици на ова средно училиште под ментортсто на професорот по музичко образование Христијан Петковиќ. Во духот на новогодишната атмосфера, овој настан имаше хуманитарен карактер, а учениците од Еко клубот при СОУ „Таки Даскало“ - Битола, под раководство и организација на професорката Драгица Здравковска, реализираа хуманитарна акција за детски играчки и материјални средства кои беа донирани во Заводот за рехабилитација на  слух и говор  во Битола.

Ученици од СОУ „Таки Даскало“ Битола ја започнаа својата практична работа за оваа учебна година во АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола. Четириесет и четири ученици од втора, трета и четврта година од рударската струка при СОУ „Таки Даскало“ практичната настава ќе ја реализираат во ПЕ Рудници на РЕК Битола, под менторство на вработени во Комбинатот, придружувани од двајца професори.

Во рамките на проектот„ Мултиетничка интеграција во образованието“, СОУ „Таки Даскало“ од Битола денеска организираше мултиетничка кујна. Полните трпези со кулинарски специјалитети беа подготвени од тимот што го спроведува проектот, составен од припадници на различни етнички заедници. Професорите,  учениците, како и гости од други училишта имаа можност да пробаат различни видови храна, но и да се дружат меѓусебе

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани