АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден - 26 јули во 1946 година во Ениџе-Вардар, Егејски дел на Македонија, е убиена Ирина ГИНОВА-Мирка, припадник на македонското националноослободително и грчкото комунистичко движење и учесник во Антифашистичката и Граѓанската војна во Грција.
Денес се навршуваат 76 години од смртта на Ѓорѓи Наумов, Блаже Рогозинаро и Кочо Десано, кои од бугарскиот фашистички окупатор биле осудени на смрт со бесење, а пресудите биле извршени на 21 јули 1942 година во Скопскиот затвор
На денешен ден, 17 јули во 2016 година во Скопје, починал Трајче ГРУЈОСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Бил роден на 19 август 1921 година во селото Раково, Леринско, Егејски дел на Македонија.
Бил член на југословенската комунистичка младиниска организација (СКОЈ) и на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ) во 1939 г., член на Месниот комитет на СКОЈ во Битола (1941) и секретар на Обласниот комитет на СКОЈ. Бил борец на Битолскиот партизански одред "Јане Сандански" (1942), инструктор на Леринскиот партизански одред "Вичо", политички комесар на чета во Битолскиот партизански одред "Гоце Делчев" (1943), член на Вториот областен комитет на Комунистичката партија на Македонија (КПМ) во 1943 г. и заменик-политички комесар на Втората оперативна зона на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (НОВ и ПОМ).
По ослободувањето дипломирал на Правниот и на Економскиот факултет, а потоа докторирал на темата „Битола - дејството на основните општественоекономски факори врз развитокот“.
Бил редовен професор на Економскиот факултет и на Факултетот за безбедност и општествена самозаштита во Скопје, директор на Уредот за статистика на Народна Република Македонија (НРМ), секретар на Извршниот совет на НРМ, сојузен секретар за законодавство и организација на власта на Сојузниот извршен совет (СИС), претседател на Републичкиот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија (СРМ), потпретседател на Извршниот совет на Собранието СРМ, член на Сојузниот извршен совет, судија на Уставниот суд на СРМ, претседател на Претседателството на Сојуз на здруженијата на борците од Народноослободителната војна (СЗБНОВ), член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија (СКМ) и републички пратеник.
Неговите научни трудови се однесуваат главно на Антифашистичката војна и на економскиот развиток на Битолско.
Бил носител на „Партизанска споменица 1941“ како и на низа други ордени, награди и признанија.
подготвил: д-р Александар Литовски, историчар
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 8 јули во 1943 година во Битола е убиен Трајче МАГЛОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Роден бил во селото Смилево на 4 мај 1923 г. Бил ученик во Битолската гимназија и уште тогаш стапил во напредното движење.
Бил меѓу најактивните членови на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ во нејзините антиокупаторски активности во Битола. Заради тоа повеќепати бил апсен од бугарската фашистичка полиција, но секогаш храбро се држел и не ги предавал своите другари.
Во јуни 1943 г. штотуку излезен од затвор, на пат за селото Лавци бил фатен и уапсен од локалниот полјак Перо Василевски-Пачата, а при обидот да му побегне бил убиен.
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар
Нa денешене ден, 22 јуни во 1943 година, во село Лавци, Битолско е убиен Панде ЈОВЧЕВСКИ-Кајзеро, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.