2win800x200

Дваесет и две ликовни екипи ќе учествуваат на годинешното 37 издание на „Малиот битолски Монмартр“. Доаѓаат претставници од повеќе земји од Европа и светот. 

-Јас сум пресреќен што успеав да го донесам светот, туку во Битола, рече Коста Хаџиантоновски, творец на „Малиот Монмартр“, на денешната прес-конференција.

Меѓународниот ликовен конкурс „Битола 2018“ беше распишан во почетокот на септември 2017 , а треаше до 20 февруари годинава со тоа што на конкурсот учествуваа 326 училишта, со 10 777 цртежи, од 34 земји од Европа и светот. Меѓународното стручно жиро од вкупниот број на пристигнати творби на конкурсот за 36-та Меѓународна изложба на детски ликовни творби „Битола 2018 “ избра 781 творба, а изложбата ќе биде отворена на 23 мај во просториите на Националната детска ликовна галерија „Монмартр“.

-Предноста  е во тоа што многу земји од Европа и светот не учествуваат со една или две екипи туку со повеќе екипи, што се должи на магијата и афирмацијата што Малиот битолски Монмартр ја има во светот, рече Хаџиантоновски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани