АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кандидатот за градоначалник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, вети бесплатни парцели во касарната за младите битолчани да можат да изградат куќи.
-Во старата битолска Касарна ќе направиме парцели од по 200 метри квадратни кои без пари ќе им ги дадеме на младите битолчани и целосно ќе ги ослободиме од плаќање комуналии за да можат да изградат евтини куќи под многу поволни услови. На тој начин, без давачките кон општината, една куќа од 50 до 100 квадрати младите идни смејства ќе ги чини од 17 до 35 илјади евра. Битолските деца заслужуваат да растат во нов, безбеден и поволно достапен семеен дом и градоначалникот треба да знае како да им го обезбеди тоа- рече Илиоски. .