2win800x200

Покачувањето на пензиите тема на работната средба на Крајовски со Здружението на пензионери од Битола

Март 19, 2022

„Како што ќе растат трошоците за живот, така ќе растат и пензиите. Како што ќе се зголемува просечната плата во државата, така ќе се зголемуваат и пензиите“, рече претседателот на Општинската организација на СДСМ од Битола, Драган Крајовски, на денешната работан средба со членовите на Здружението на пензионери од Битола. На средбата присуствуваа и министерката за култура Бисера Костадиновска –Стојчевска, како и претседателката на Здружението, Данца Петличкова.

„Разговаравме за новините кои овозможуваат повисоки пензии и подобар живот за пензионерите. СДСМ покажа дека води вистинска грижа за пензионерите. Измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување обезбедија метод со кој пензиите ќе растат постојано. Усогласувањето на пензиите ќе биде како збир од 50 проценти од трошоците за живот и 50 проценти од порастот на просечната плата во државата. Со оваа методологија зголемувањето на пензиите ќе се спроведе во септември кога пензиите ќе добијат едно највисоко историско зголемување во просек од околу 900 денари. Во следните години ова усогласување ќе се врши два пати годишно во март и септември“, рече Крајовски.275853454 518522449674610 5392068411580302274 n

Со пензинерите разговараа и за антикризните мерки со кои се планира во априлската, мајската и јунската пензија да се добијат плус 1000 денари.

„Тие се за да се заштити стандардот на пензионерите во ова кризно време. Со новата методологија за пресметка на пензиите и антикризните мерки СДСМ како партија покажува дека води грижа за пензионерите“, додаде Крајовски.

Претседателката на Здружението на пензионери Даница Петличкова рече дека на членството изворно им беше објаснато како ќе се одвива покачувањето на пензиите во следниот период.

„Равотната средба ја иницираше претседателот на ОО на СДСМ од Битола, Драган Крајовски, заедно со пензинерите. Сакаа изворно да ги пренесат измените на Законот за инвалидско и пензиско организирање и за методологијата на раст на пензиите во следниот период. Добро им беше објаснато на пензионерите дека тоа ќе биде два пати во годиниата , за пензионерите точно да знаат како ќе се одвива зголемувањето. Се разговараше и за други проблеми што ги тиштат пезнионерите и се добиваа соодветени одговори“, рече Петличкова.275776695 697790908074722 4656510237462887699 n

275783368 4823175254475117 2081780121093157168 n

275108035 1015630939358789 1246572470456050527 n

275840377 880021589475127 2803462571055230213 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани