2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолскиот театар со гостување на Европскиот фестивал во Темишвар

Мај 23, 2022

Вечерва со почеток во 19 чаот со претставата ,,History of motherfuckers,, НУ Народен театар Битола гостува на Европски Регионален Фестивал во Темишвар , Романија.

„History of motherfuckers“ е приказна за превртливоста на човечкото општество и лецемерието на секој чекор, како што рече познатиот српски режисер Андраш Урбан. Претставата е работена според „Кориолан“ на Шекспир и авторски текстови на Врдрана Божиновиќ. Композитор е Ирена Поповиќ Драговиќ, сценограф Валентин Светозарев, а костимограф Благој Мицевски. Играат пет актери Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски.

„Претставата се занимава со онаа стварност која ние ја познаваме, не зборувам за македонската, туку она што го запознавме на овие простори кој понекогаш го викаме Балкан, Регион, а од друга страна и Европа. Тргнуваме од тоа како граѓанинот го доживува светот. Какво исксутво ни дала досегашната реалност? Кориолан е приказна која е поставена од римско време и го носи во себе судирот на автократското и демократското. Во приказната и во претставата провејува односот кон демократијата“, рече режисерот Андраш Урбан.

Драматургот Ведрана Божиновиќ вели дека приказната за Кориолан е приказна за еден за нас многу актуелен момент.

„Општеството се наоѓа во транзиција, а ние живееме во вечна транзиција веќе 20 години и знаеме одлично како тоа изгледа. Општеството се наоѓа во момент кога народот сака да гласа. Ние жевееме во моменти кога народот секој по малку одлучува дека работите ќе ги преземе во свои раце, а работите со години остануваат исти. Ова е приказна за држава која врз база на направените закони го отфела поединецот надвор од државата“, вели Божиновиќ.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани