Кромидаровска од СДСМ: Скандалот со упадот во компјутерите на советниците мора да добие институционална разрешница

Мај 26, 2022

Интегрален текст од изјава на Елена Кромидаровска, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ

 

 

Упад во службените компјутери на советниците, загрозување на приватноста и шиканирање на политичкиот противник. Вакви се условите за работа на нас, советниците во Советот на Општина Битола од СДСМ и коалицијата. Скандалот што го објавуваме пред цела македонска јавност мора да добие институционална разрешница. Налогодавачите и извршителите на овој чин мора да бидат најдени и казнети, а одговорност мора да понесат сите што имаат обврска да го чуваат интегритетот на Советот на Општина Битола.

 
Службени компјутери советниците добивале и во минатото, но првпат се случува приватни фотографии на носители на функции во Општина Битола да излезат на мониторите на повеќе советнички компјутери. Првпат се случува нечиј Фејсбук профил да се појави на туѓ компјутер. Затоа, се сомневаме дека целата операција е раководена од еден центар.
 
Општина Битола нека не се обидува преку смешни соопштенија да го заташка скандалот. Секој што малку се разбира од компјутери, знае дека општината продава приказни за мали деца во кои не веруваат ниту тие самите. Ако денес на избрани функционери, во случајот советници, некој се осудува да им ги прави овие работи, тогаш што да очекуваат граѓаните утре.
 
Најгрубо кршење на приватноста и на правата на граѓаните, ДПМНЕ режираше во минатото. Дали вакви дејанија се принцип на работа на  ДПМНЕ, правила на функционирање или пак се впишани во нивниот Статут? Кога и да е на власт ДПМНЕ, макар на локална во Битола, скандали го одбележуваат работењето на партијата и нивните функционери. Вашата неработа нема да ја сокриете, а вашите скандали нема да останат неказнети. Ќе продолжиме секој ден да апелираме до институциите да го разрешат овој случај. Нема да дозволиме стравот и неизвесноста дали некој следи или упаднал во нашиот компјутер да се вратат во животите на граѓаните. Битолчани не заслужуваат локална самоуправа што не е способна да ги заштити ниту правата на нивните избрани функционери во Советот.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани