СДСМ тврди дека на Мавровски деновиве му се исплатени уште 23.000 денари

Декември 13, 2022

Интегрален текст од рекацијата на СДСМ Битола на демантот на Васко Мавровски од ВМРО-ДПМНЕ дека не  наплатил речиси половина милион денари од Општина Битола за што го обвини опозицијата

 

 

Како по обичај Коњановски молчи и се крие кога треба да одговори за тоа каде и како се трошат парите од општинскиот буџет!

На нашето барање за што оваа година се исплатени 434.000 денари на фамилијата на портпаролот на ДПМНЕ Битола, Коњановски повторно молчи.
 
Како суфлер, на својот Фејсбук се јави Васко Мавровски.
 
Обидувајќи се да создаде магла и да остави впечаток дека сѐ е чисто, избегна да каже зошто му се исплатени 35.000 денари на 12 јули годинава и за парите исплатени на неговата сопруга.
 
Ние не бараме одговор од Мавровски, туку од Коњановски, а дури градоначалникот се крие, на фамилијата Мавровски деновиве им се исплатени уште 23.000 денари.
 
Бараме Коњановски да не молчи, туку да им објасни на битолчани за што се исплатени оваа година, сега веќе, 457.000 денари на фамилијата Мавровски.
 
Особено, по кој основ Мавровски зеле 35.000 денари на 12 јули 2022 година!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани