2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во РЕК за 6 пати помалку отскриена пепел на депонија

Јули 16, 2018

Ако лани на одлагалиште имаше непокриена површина со пепел од 30 000 метри квадратни, сега тоа е сведено само на 5000 метри квадратни, рече Јани Макрадули, заменик министер за екологија на днешната средба со претставниците на невладините организации, пелагониските општини и раководството на РЕК во комбинатот.

Генералниот директор на РЕК „Битола“, Васко Ковачевски, посочи дека во тек се повеќе еколошки проекти за заштита на животната средина.

„Средбата се случува на ден кога треба да биде избран изведувач на работи за прскање со вода и адитиви на пепелта што се одлага. Се работи за проект за кој се предвидени околу 20 милиони денари и кој драстично треба да ги намали последиците од запрашувањето околу РЕК Битола, особено во ветровити денови. Кога сме кај пепелта, раководството на Комбинатот после подолго време застој заради недостиг на механизација или лошо менаџирање со механизацијата на располагање, непокриената површина на одлагалиштето со пепел е намалена за 6 пати, односно од над 30.000 метри квадратни, сега таа изнесува околу 5.000 метри квадратни. Паралелно со овие активности, во тек е и проект за изградба на насип околу одлагалиштето - т.н. касета, со кој средината околу РЕК Битола дополнително ќе биде заштитена од влијанија”, рече директорот на РЕК „Битола“, Васко Ковачевски.37199411 428230427660329 2705615129151537152 n

Тој додаде дека за оваа година ќе има темелна реконструкција на електро-статските филтри кои не се сервисирани уште од 1996 година. За таа намена за годинава предвидени се 5,5 милиони евра и наредните 2 години уште 15 милиони евра со што ќе се достигнат стандардите на ЕУ. Во тек е и постапката за рекултивизација на подарчјето околу и во РЕК. Во следната 2019 година ќе се врши темелна реконструкција на разладната кула на Блок 2 зашто што внатре се наоѓаат 3500 тони азбест.

Макрадули најави дека до октомври РЕК ќе добие А интегрирана еколошка дозвола.

„ Додега постапката години наназад била само со најави без никакви конкретни активности. Се вчудоневидив кога дојдов во Министерството и видов дека РЕК или ЕЛЕМ не конкурирал за А интегрирана дозвола. Поради тоа, во овој момент, инспекцијата нема задача да дојди овде во РЕК, ова не постои или како да лебди од аспект на Министерството за животна средина. Со дозволата ќе се наметнат стандарди на постојано информирање на состојбата со загадувањето“, рече Макрадули.Zamenik misterot Makraduli vo poseta na REK Bitola 1

37305683 428230564326982 8042948164434526208 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани