2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ: Градоначалникот Тони Коњановски предизвикува целосен хаос во работните тела за ребалансот на буџетот

Август 29, 2023

 Интегрален текст од прес конференцијата на Јадранка Павловска, советник од СДСМ

Наместо ребалансот со сите амандмани едногласно изгласани од сите советници на 29тата седница што се одржа на 11 јули, на работните тела им се подметнува документ што Коњановски и неколкумина го составија откако ребалансот не беше вчитан во Министерството за финансии. Тргале едни, додавале други амандмани согласно нивните желби, а не како што одлучи Советот на општината!  
 
Советниците во работните групи работат без материјали кои треба да ги обезбеди општинската администрација, но очигледно, под притисок на градоначалникот се кршат процедури и закони за што СДСМ ќе покрене постапка за утврдување на одговорност!
 
Оваа лакрдија со ребалансот на буџетот на општината во режија на Коњановски и неколкумина негови блиски соработници досега не е видена во ниту една општина во Македонија! Затоа, како што се снимаат седниците на комисиите и на Советот,  бараме да се снима и објавува што се случува на работните групи, за да може битолчани да се уверат каков лажго и манипулатор е градоначалникот на Битола! 
 
Во СДСМ и во коалицијата нема вжештени глави, туку вжештени се прстите на Коњановски и на поединци од ДПМНЕ од броењето пари кои завршуваат во џебови на сопартијци, роднини и пријатели! Коњановски наместо да повикува други на разум, нека се вразуми тој и неговите најблиски соработници! СДСМ и коалицијата нема да дозволат да продолжи грабежот на народните пари. Одговорност ќе има и за Коњановски и за сите што му помагаат во грабежот на Битола!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани