2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ВМРО ДПМНЕ: Ги повикуваме сите советнички групи и претседателката на советот да закажат седница на 1 септември на која ќе се донесе функционален буџет

Август 26, 2023

 

Интегрален текст од прес конференција на Бојан Бојкоски, советник од ВМРО ДПМНЕ

СДСМ очигледно има слабо памeтење.

Она што советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата го предложија на 29-та седница согласно член 11 од деловникот за работа на советот, за формирање на работни тела со цел општина Битола да добие функционален ребалнс на буџет, па сега се обидуваат да си го препишат како нивна заслуга и да изигруваат спасители. 

Добро е што СДС после летните одмори ги изладија вжештените глави и увидоа дека единствен начин за градот да функционира е донесување на функционслен ребаланс. 

Општина Битола предводена од градоначалникот Коњановски има проекти, план и визија кои се дел од предложениот ребаланс.

 

Не е потребно да се оди до Скопје и да се снимаат прес конференции за нешто што сите го знаат многу добро.

 

Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски успешно реализира проекти за битолчани и се работи на повеќе од 23 локации на територијата на општина Битола

 

Реализацијата на Буџетот е како никогаш претходно со високи 46% а додека во времето кога СДС раководеше со општина Битола беше 6%.

 

Високата транспарентност на општина Битола ја кажуват низа на независни тела а не политичките конкуренти.

 

Доколку искажаната конструктивност од СДСМ не е само декларативна, како што предложивме на последната седница ги повикуваме сите советнички групи  и Претседателката на советот да закажат седница на совет на 01.09.2023 на која ќе се донесе фунционален ребаланс на буџет.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани