Интегрален текст од прес конференција на СДСМ
Градоначалникот Тони Коњановски и Општина Битола должат 6.000.000 денари на организаторите на културни настани!
Скоро 100.000 евра не можат да бидат исплатени од буџетот на општината на здруженија и институции оти во касата на општината нема пари!
Од почетокот на годината до сега, Коњановски и компанија потрошија над 11.000.000 денари од парите предвидени за култура за цела 2023 година! Останале уште 900.000 денари, а допрва следуваат Фестивалот Браќа Манаки, Интерфест и други настани кои општината финансиски ги поддржува!
Каде се парите кои Советот на Општина Битола ги изгласа за културни настани годинава?
Како успеа Коњановски да потроши скоро 180.000 евра од парите за култура и да остане должен 100.000 евра за настани кои сам ги предложи, а Советот ги поддржа?
СДСМ и коалицијата одамна предупредуваат дека културата е една од најкриминогените области во кои Коњановски и ДПМНЕ вршат вистински грабеж на парите на битолчани. Потврдата стигна вчера, кога организaторите на културни настани се пожалија дека не можат да си ги добијат парите!
Го повикуваме градоначалникот Коњановски конечно да објави целосен список каде завршија парите на битолчани! Го предупредуваме да не се обидува повторно да ги клевети советниците дека тие не сакаат да дадат пари оти Советот го изгласа буџетот за култура, со сите предложени настани уште во декември минатата година.
Вакво непланско и недомаќинско работење во Општина Битола досега немало. И поранешниот градоначалник Владимир Талески можи да учи од Коњановски и неговите сопартијци како се уништува еден град. ДПМНЕ била и останува најголема закана за Битола!