2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ВМРО ДПМНЕ: Лага е дека Општината нема пари!

Август 31, 2023

Интегрален тест од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

 

На лагите на СДС им нема крај. Секој ден се повеќе и повеќе тонат во лагите кои ги пласираат во јавноста. Лага е дека општината нема пари! На сметката на општина има речиси 3 милиони евра, односно пари има но очигледно е дека нема волја од советниците на СДС за продолжување на капиталните инвестиции и поддршка на спортот. Предизборното ветување за поставување на бројчаник на јавните институции на нивниот екс лидер Заев, советничката група на ВМРО ДПМНЕ бара општина Битола уште утре да постави бројчаник на влезот на општината каде ќе можат секој ден да гледаат граѓаните колку пари има на сметката на општината а не СДС да им пласира лажни вести.

Се надеваме дека бројчаникот ќе им помогне и на советниците од СДС во нивната улога која им е доверена од граѓаните бидејќи забораваат дека се советниците а на работните тела се однесуваат како истражители, судии и обвинители. Ги потсетуваме дека зградата на судот и обвинителството е на друга адреса. А доколку сакаат да бидат судии или обвинители треба да се упатат на академијата за судии и обвинители во Скопје. За прием испит на истата да го побараат екс генералниот секретар на владата Рашковски.

Доста беше од барање на алиби и обвинувања, време е СДС да се одважи и да каже дали ќе даде поддршка за спортот и за нови капитални инвестиции.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани