АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кризата предизвикана од пандемијата со корона, не ги попречи капиталните инвестиции. Спротивно на тоа, капиталните проекти продолжија со изведба и тоа со забразана динамика. Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита, рече на прес конференција кандидатот зa пратиник во 5 ИЕ од СДСМ, Горан Козаров.
-На обиколницата во Битола за првпат во земјава се поставува звучна бариера со високи еколошки перформанси и голем коефициент на апсорбција на звукот поради што ваквиот тип на заштита претходно билнаграден и воБрисел. Современата ограда од бетонска маса со гумирано јадро е поставена на дел од патот, а градежните активности продолжуваат со интензитет. Со поставувањето на заштитната ограда всушност е решен проблемот со безбедноста и бучавата за Битолчани кои живеат во овој дел, рече Козаров.
Тој најави и други градежни активности во регионот.
-Се очекува за многу брзо да започне рехабилитација на постоечкиот пат од Битола до Меџитлија, а кон крајот на јули или почетокот на август ќе заврши и проектирањето на обиколница со експресен пат од Битола за грчка граница. Завршен е патот од Битола преку Тополчани до Прилеп, од кој реконструирани се 16 километри. Патот од Битола за Демир Хисар во голем дел е завршен, обиколницата е асвалтирана, патот од Битола до Ротино е асвалтиран, патот од Битола до грчка граница од Бистричкиот дел и овде нема да застанеме ке продолжиме да градиме и да ја менуваме грдата слика која ја остави ДПМНЕ од времето кога владееше, додаде Козаров