2win800x200

Општина Новаци со бројни капитални инвестиции годинава

Јануари 04, 2018

Градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски,  за престојната 2018 година најави реализација на бројни капитални инвестиции. Од општинскиот буџет ќе се инвестираат околу 6.5 милиони денари за реконструкција, одржување, асфалтирање и тампонирање на патишта и улици на територијата на  општината. Околу 5 милиони денари ќе бидат искористени за реконструкција и доградба на општинската зграда и уште 140 000 денари за купување на опрема.

 

„Ќе се реконструираат училиштата во селата Горно Агларци, Бач и Гермијан во вредност 2. 330. 000 денари. Ќе има и реконструкција на објекти на месни заеници и продавници во селата Арматуш, Живојно, Далбеговци и Скочивир во вредност  6.300.000 денари. Изградба на ракометно игралиште во село Долно Агларци.  Реконструкција на водоводите во селата Мегленци и Старавина во вредност 3.000.000 денари“, изјави градоначалникот.

Во 2018 година планирано е да се доизгради капелата во Новаци (1,5 милиони денари), како и да се подигне зелен појас околу општината со цел да се намали загадувањето од РЕК. Озеленувањето ќе чини еден милион денари.

Покрај проектите од сопствениот буџет, Новаци ќе реализира и проекти од странски донации и добиени преку меѓународна соработака. Еден од нив е проектот Подигнување на свеста за културното наследство во општина Новаци,    кој има за цел да ја подигне јавната свест за промоција и заштита на културното и историското наследство и јакнеење на алтернативниот туризам  и локалниот економски развој.

„Промотивниот настан  ќе се реализира во периодот од февруари до јуни 2018 на рекреативниот парк Коњарка кој е реконструиран претходно со средства од Европска Унија во рамките на проектот „ Жива историја , Жива природа 2“ од програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2007-2013. Промотивниот настан ќе биде составен од различни активности и тоа: активности за подигнување на јавната свест, пешачење  до културно историски локации на територијата на општина Новаци, работилници, активности за чистење на околината , музички хепенинг, едукативни работилници и слично“, рече Кузманоски.

Овој проект општина Новаци ќе го реализира со партнерство на АЛДА , а истиот е финансиран од Европска Унија, АЛДА и Новаци.

Годинава ќе се реализира и проектот за одржливо менаџирање на агро отпад за загревање на рурални области од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија- Грција 2014-2020 .

„Со овој проект сакаме да ја поттикнеме локалната заедница за поголема општествена одговорност и подобрување на условите за живот , заштита на животната средина. Преку овој проект ќе се набават различни видови опрема како на пример трактор, корпа за чистење на каналите и речните корита од вегетација, приколка , машина за балирање и котел за паарно греење кој ќе биде поставен во детската градинка. Земјоделските остатоци и вегетацијата од реките и каналите ќе бидат исушени, преработени и ќе се користат за   загревање на просториите во детската градинка  од 230 метри квадратни“, додаде Кузманоски.

Во 2018 година ќе продолжи и соработката со општина Коломбел од Франција и АЛДА на тема Прва светска војна. Оваа година се навршуваат 100 години од завршувањето на оваа голема војна, па општина Новаци ќе биде организатор на настаните. На своја територија ќе постават спомен плоча со имињата на загинатите војници од Прва светска војна , нешто слично како споменикот во Коломбел кој беше поставен мината година во номеври. 

„Општина Новаци има аплицирано проект за локална и регионална конкурентност во туризмот кој чини 676 783 евра, а ќе се реализира во соработка со АЛДА од Скопје и ЦГИ од Прилеп. Со овој проект е планирано да се реконструира основното училиште во Скочивир и негова пренамена во сместувачки капацитети, реконструкција на шесте живеалишта ровови од Прва светска војна кои се наоѓаат во Мегленци кота 1050, целосна реконструкција и адаптација на поранешното училиште во с. Градешница и негова пренамена во музеј на Прва светска војна, мапирање на линијата на фронтот и соодветно означување и обележување, серија работилници на домашни и странски експерти на тема Прва светска војна“, рече градоначалникот

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани