2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Советниците од ПОИНАКУ потсетија што сработиле за 100 дена од конституирање на општинскиот Совет

Јануари 25, 2018

Советниците од советничката група „Поинаку“, денеска на прес конференција презентираа дел од она што сработиле на седниците на општинскиот Совет, во иминатите 100 дена од неговото конституирање.  

-Како  советници од владеачкото мнозинство побаравме: формирање комисија за ревизија на работата на екс градоначалникот Владимир Талески, одделување дополнителни средства за развој на туризмот и формирање на комисија со подготвена стратегија за работа, информација за состојбата со амбиенталниот воздух во Битола, побаравме  формирање на посебен еколошки фонд, предложивме отпочнување процедура за донесување предлог закон за заштита од загадувањето на животната средина предизвикано од РЕК Битола и изработивме проект за згрижување на бездомните животни на територијата на општина Битола. Сакаме да ги известиме  граѓаните на Битола дека сите наши предлози и барања, без образложение, беа одбиени. Истовремено, сакаме да потенцираме дека без разлика на игнорирањето и неприфаќањето на идеите и предлозите на советниците на „Поинаку“, кои се произлезени од континуираната комуникација со нашите сограѓани, ние и понатаму ќе бидеме конструктивни и ќе продолжиме со предлагање решенија за проблемите на битолчани, изјави Габриела Илиевска, од советничката група Поинку. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани