2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Не помина интерпелацијата за претседателката на Советот Габриела Илиевска, мнозинство не го прифати барањето на ВМРО ДПМНЕ да се постави на дневен ред

Декември 21, 2023

Мнозинството во Советот не го прифати барањето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ за разрешување на претседателката на Советот Габриела Илиевска. Одбиен беше предлогот оваа точка да се стави на дневен ред на денешната 34 седница

-Бараме како прва точка на дневен ред да биде поставено разрешување на претседтателката на Советот, Габриела Илиевска, рече советникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Бојковски, кој потоа побара и поединечно изјаснување на советниците за поставување на точката на дневнен ред

Советниците со 16 гласа „против“, 2 воздржани и 13 „за“ го отфрлија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, со што итерпелацијата не беше поставена на дневен ред.

Габриела Илиевска од независната советничка група Поинкау беше избрана за претседателка на Советот на Општина Битола со мнозинството гласови на ВМРО-ДПМНЕ (13), Поинаку (3) и Левица (2)

Илиевска, пак предложи на дневен ред да се постави точка за смена на претседателите на Комисиите за спорт и млади, за комунални дејности, за економски развој, за јавни дејности, кои беа прифатени од мнозинството советници цо Советот на Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани