СДСМ во недостаток на конструктивни идеи, аргументи и причини за обвинувања на посветеното и проактивно работење на локалната самоуправа, се реши да го критикува настанот кој ги сплоти битолчани - Зимската приказна за која се зборуваше во суперлативи и која долго ќе се памети и прераскажува.
СДСМ се обиде да ја исполитизира културата, како што впрочем и ја користеа културата во нивното минато, селективно и за свои цели, нарекувајќи ги денес културните уметници и ентузијасти од нашиот град, продавачи на кампањска шарена приказна.
Зборот “шарена”, кој го користат, реално и најмногу ги демаскира.
Зимска приказна во деветте денови континуирана програма понуди содржини за сите генерации, а битолската локална културна сцена, беше поддржана преку транспарентен процес, јавен конкурс, нешто што беше непознато изминатите 4 години за време на владеењето на СДСМ.
Културата, за ВМРО ДПМНЕ не познава припадност кон политичка партија, туку квалитет, инвентивност, креативност….
Токму затоа, на јавниот конкурс на општината за новогодишната програма, беа прифатени и поддржани сите апликации.
Битола и битолчани умеат да направат разлика. И тоа го проценија уште во првите 2 месеци по промената на власта, а тоа е нешто што не обврзува нас како локална самоуправа посветено и мотивирано да продолжиме и да ја реализираме програмата со која ја добивме нивната доверба.
И не само во културата, туку и во сите други области, на чие подобрување активно работиме.
Непотизмот пак, од друга страна е тема за која е најдобро да молчат, но доколку тоа е нивниот најсилен адут, ќе ја информираме јавноста како изгледа непотизмот кога СДСМ е на власт, истакна советничката Анета Ѓоргиевска од ВМРО-ДПМНЕ Битола.