2win800x200

Коњановски наместо мостот го санира филџанот на Талески, обвини СДСМ

Февруари 16, 2022

Освен протоколарните средби во кабинетот, Коњановски не направи ништо суштинско во Битола во првите 100 дена. Единствениот проблем со кој се соочи – мостот кај Безистенот, нема мрднато од мртва точка повеќе од три месеци. Еден носач на 20 метри долг мост Коњановски не може да го санира 100 дена. Заради неговата неспособност страдаат граѓаните кои секојдневно се соочени со сообраќајниот метеж во центарот на градот, обвини Мирјана Захариевска Ралевска, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ и коалицијата.

„Талески глумеше дека работи, Петровска ги враќаше неговите долгови, а Коњановски не знае да ја искористи ниту полната општинска каса што ја наследи. Нема ниту идеја, ниту знаење да ги менаџира потребите на битолчани. Наместо субвенции за таксистите, тој го поскапи такси превозот на товар на граѓаните, наместо да средува улици, тој го санира филџанот од Талески, наместо да започне со изградба на училиште во Буковски ливади, тој ги разреши сите членови на училишните одбори во битолските училишта“, рече Захариевска-Ралевска.

Наместо Коњановски за се и сешто да плачи кај Владата и по министерства да му ги решат локалните проблеми, додаде таа, да се фати за работа. Пари има, треба работа!

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани