
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
"По грубите невистини, лаги и клевети изречени на денешниот прес на ВМРО-ДПМНЕ, со кои се направи обид за рушење на угледот на директорите, БАРАМЕ јавно извинување од читачот на текстот и партијата, и сметаме дека ова е увод во процесот чија крајна цел е НЕЗАКОНСКА смена на директорите на училиштата", реагираат од ЛДП на пресот на ВМРО ДПМНЕ, на кој партијата прозива директори на училишта за нерегуларности во работењето.
Горан Милевски синоќа ја достави кандидатура за градоначалник на Битола во централата на партијата. Денес, овластениот претставник на "Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ" до општинската изборна комисија ќе ги достави потребните документи, како за градоначалник, така и за советничка листа на Битола.
Јавната набавка за фотоволтаиците на ЈП Пазари, од ВМРО ДПМНЕ денеска ја нарекоа скандалозна и обвинија за злоупотреби. Од ЛДП му одговорија пред да зборуваат за злоупотреби, од ВМРО ДПМНЕ да се извинат за 12 годишното постушење на градот.
