АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението „Млади хуманисти“ на 25 август, Светскиот ден на хуманоста, имаше промоција на сработените активности во изминатите две години. Претседателот Бојан Тодоровски соопшти дека од 2016 до 2018 година спровеле околу 70 хуманитарни активности , а 150 000 денари потрошиле во акции за помош на болни деца. На промоцијата на „Млади хуманисти“ беше организирана и културна програма во која настапи популарниот млад битолчанец Божидар Николовски, а присуствуваа а други видни личности од градот. Од Здружението најавуваат дека и понатаму ќе продолжат да им помагаат на своите сограѓани.
Претседателот на на хуманитарното здружение „Млади хуманисти“ од Битола, Бојан Тодоровски и градоначалничката, Наташа Петровска, потпишаa договор за соработка.