АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во кабинетот на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, попладнево се одржа состанок со координаторите на советничките групи во Советот на општина Битола, на иницијатива на градоначалникот Коњановски, со цел да се надмине актуелната криза и да се изнајдат заеднички решенија за натамошно нормално функционирање на општина Битола.
Градоначалникот уште еднаш истакна дека разумот мора да надвладее во интерес на градот и нашите сограѓани, така што заеднички, сите да покажат доблест и да разговараат за предлог ребалансот на буџетот. Доколку има и други предлози од страна на советниците, кои се во интерес на градот, ќе се разгледа можноста истите да бидат вклопени во новиот предлог ребаланс на буџетот.
Законската процедура во ваков случај налага нова седница, на која треба да се донесе буџет во рамките на предвидениот, кој ќе биде вчитан од страна на Министерството за финансии.
Само разумноста и конструктивноста на сите учесници во овој процес се решение за надминување на актуелната политичка состојба, бидејќи се останато е на штета на жителите на општина Битола, посочи Коњановски на средбата.
За првпат по подолго време опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во расправата на денешната 74 седница на Советото на Општина Битола. Ниту еден советник од опозициската партија не се јави за збор по точките на дневниот ред.