2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Да се врати во функција шинтерската служба во Комуналец и да се издвојат повеќе средства за заловување кучиња побараа советниците

Јуни 27, 2023

Да се стави повторно во функција шинтерската служба при Јавното претпријатие Комуналец во Битола како преодно решение за справување со бездомните куќиња се до ставањето во функција на прифатилиштето за нив, побара Жаклина Наумовска од СДСМ на денешната седница на Совет. Габриела Илиевска од Поинаку побара да се зголемат средства за заловување кучиња од 400 000 денари на еден милион. Ова со цел да се надмине аларматната состојба со уличните кучиња во Битола кои во неделата нападнаа и искасаа две малолетни деца, а со каснатици има и други повозрасни граѓани.

Бојан Бојкоски, координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека проблемот бара заедничка коордонирана акција не само на локалната самоуправа туку и на Агенцијата за храна и ветеринарство и полиција. Општината пристапи кон изградба на прифатилиште на бездомни животни. Ќе биде изградено во следните 10 дена и во процедура се сите оние правилници кои треба да бидат донесени за да почне со работа. И се надеваме дека прифатилиште во надворешниот дел ќе биде со доволен капацитет за да се реши проблемот со сите бездомни животни во градот“, рече Бојкоски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани