АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес, после 10 години од опожарувањето на планинарскиот дом Копанки со поддршка на општина Битола отпочнаа активностите за реконструкција на планинарскиот дом Копанки, соопштија од Општина Битола
Согласно потпишаниот договор помеѓу општина Битола со ПСК ПЕЛИСТЕР, изработен е проект за реконструкција на планинарскиот дом Копанки и од денес се видливи градежните активности, информираат од Општината
. Општина Битола минатата година во буџетот за реконструкција на планинарскиот дом издвои 3.8 милиони денари а додека во буџетот од 2023 година за реконструкција на планинарскиот дом Копанки предвидени се 2 милиони денари. Бидејќи во месец јули пред советниците на општина Битола на седница на совет ќе се разгледува ребалансот на буџетот на општината, градоначалникот Тони Коњановски, најави дека ќе предложи за реконструкција на планинарскиот дом Копанки да се издвојат дополнителни 1 милиони денари.