2win800x200

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и колиционите партнери денес не дојдоа да си ги подигнат уверенијата на свеченоста што беше организирана во Советот на општина Битола. На свеченоста присуствуваа сите останати советници, а од опозицијата велат не дошле зашто не било пракса да се организираат свечености, туку уверенијата да се доделуваат на конститутивната седница.  

-До сега не се организирале свечености, туку на конститутивната седница се подигале уверенијата и се давале заклетвите. Така и ние ќе се појавиме на конститутивната седница. СДСМ да престане со популизмот, изборите завршија, време е да се зафатат со работа, ја имаат апсолутната власт ќе имаат и апсолутна одговорност- вели Борче Димитровски, носителот на кандидатската листа од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери.  

Новата градоначалничка Наташа Петровска запрашана дали очекува во иднина конструктивност од опозицијата со оглед дека не се појавија на доделувањето на уверенијата, изјави дека не би сакала да коментира какво би било нивното однесување во иднина.

-Која е причината зошто денес не се присутни најдобро си знаат. Сакам да бидам убедена дека сите избрани советници ќе се залагаат за интересите на граѓаните на Битола - рече Петровска.

Од Општинската изборна комисија изјавија дека роковите за поднесување на приговори за локалните избори поминаа, за Битола немаше приговори, па констатирале дека објавените резултати се конечни.

-По тој повод беше организирана и денешната свеченост кога се доделуваа и уверенијата за градоначалник и за советниците.  И минатиот состав на Советот имаше свечено доделување на уверенијата и тоа токму во истата сала- рече Зоран Насев, претседател на Општинската изборна комисија.    

Во новиот Совет за првпат по три мандати мнозинството ќе биде на СДСМ. Тие со коалиционите партнери освоија 17 советници, ВМРО ДПМНЕ 11, Поинаку 2 и ДУИ 1. 

Победничката коалиција  на локалните избори во Битола,  предводена од СДСМ , за една недела очекува да го формира и новиот состав на Советот на Општина Битола, во кој освои мнозинство  советнички места.

-Нашите информации се дека во текот на утрешниот ден, ќе ги добиеме сертификатите, за советници и за избор на градоначалник . Очекуваме во среда да биде првата конститутивна седница на Советот  на Општина Битола –изјави Валентин Груевски, носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата и иден  претседател на Советот на Општина Битола.

Независната листа „Поинаку“ освои две  советнички места во новиот состав на битолскиот Советот. Идните советници ќе бидат: носителката на независната советничка листа Габриела Илиевска и вториот на листата Иван Чулаковски.

Нашата работа ќе биде видлива, транспарентна и отчетна. Советот ќе биде подршка на новиот градоначалник, но и коректив на нејзината работа, на работата на општинската администрација, порача Валентин Груевски , носител на листата на СДСМ и коалицијата.

-На 16 октомври  да го почестиме Талески со едно големо сиктер кафе, како симбол дека тој, неговите пајташи и политиките кои ги водеше никогаш повеќе не смеат да и се случат на Битола, порача Груевски во изборната кампања.  

СДСМ и коалицијата-17 советнички мандати, ВМРО-ДПМНЕ -11, „Поинаку“ -2 советника, и коалицијата на Албанците „За Битола“ -1 советник, ваква е сликата од вчерашното гласање на шестите по ред локални избори во Битола за новиот состав на Советот на Општина Битола.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани