АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Победничката коалиција на локалните избори во Битола, предводена од СДСМ , за една недела очекува да го формира и новиот состав на Советот на Општина Битола, во кој освои мнозинство советнички места.
-Нашите информации се дека во текот на утрешниот ден, ќе ги добиеме сертификатите, за советници и за избор на градоначалник . Очекуваме во среда да биде првата конститутивна седница на Советот на Општина Битола –изјави Валентин Груевски, носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата и иден претседател на Советот на Општина Битола.
Во Советот ќе партиципираат 17 советници од СДСМ и коалицијата, 11 советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, двајца советници од „Поинаку“ и еден од албанскиот блок.
Груевски вели дека како мнозинство ќе подадат рака на сите политички групации кои влегоа во новиот Совет.
-Ќе се потрудиме големата политика да остане надвор од Советот, а ние да ги решаваме локалните проблеми , бидејќи за тоа и сме избрани, вели Груевски..