АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Независната листа „Поинаку“ освои две советнички места во новиот состав на битолскиот Советот. Идните советници ќе бидат: носителката на независната советничка листа Габриела Илиевска и вториот на листата Иван Чулаковски.
Илиевска на битолчани им е позната по тоа што како советник во претходниот состав, имаше остри дискусии и критики упатени кон претходната власт, а Чулаковски по неговата посветена борба за почист воздух во Битола. Двајцата се храбри дискутанти и се очекува во новиот Совет да внесат жестина и да се борат за доброто на Битола.
Илиевска денес им се заблагодари на 3000 битолчани кои го дадоа својот глас за „Поинаку“ и најави дека ќе се борат да го реализираат ветените проекти.
-Би сакале да кажеме јавно дека она што го имавме предвидено како програма ќе се бориме да го оствариме во целина во Советот на општина Битола и се надеваме дека за истите проекти ќе имаме поддршка од идната локална самоуправа. Нашите проекти исто како што беа напишани на хартија, така ќе ги доставиме до идната локална самоуправа. Нашата цел е Битола пред се – рече Илиевска.
Ова е прва независна листа во Битола која успеала да освои советнички места во битолскиот Совет.