АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Камерта на ТВ Орбис која вчера беше поставена во прес центарт на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, за линковски, во живо, да ги пренесува прес-конференциите на оваа партија, цела ноќ остана заклучена во партискиот штаб.
Синоќа, по затворањето на гласачките места во 19 часот, започна пребројувањето на гласовите. По првичните информации од партиските аналитички центри, дека кандидадот за градоначалник на СДСМ, Наташа Петровска и нивната советничка листа, убедливо водат на речиси сите избирачки места од каде пристигнуваа резултати, во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, ги затворија партиските простории, а на новинарите кои беа таму во очекување на резултати, им беше кажано, дека нема да има прес конференции. Откако сите се разотидоа, партиските простории беа заклучени, а опремата на ТВ Орбис, остана во прес центарот.
Утрово, ТВ Орбис си ја зеде опремата, која преноќи во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а таму како синоќа, така и утрово, било празно...