АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И денеска нема новодијагностицирани од КОВИД-19 во Битола, останува бројката од 8 позитивни на коронавирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани вкупно 5 пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба, информира министерот Венко Филипче.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19. По градови:
- Скопје 13
- Куманово 14
- Штип 6
- Прилеп 8
- Велес 6
- Гостивар 1
- Кочани 1.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица. Во изминатото деноноќие направени се 586 теста, а досега во земјата се направени 7.653 тестирања на Ковид-19. Двајца пациенти од Куманово и Прилеп починаа од коронавирус.
Во изминатото деноноќие на Клиниката се примени 3 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.
Во болницата „8 септември“ се примени 8 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив, 9 се со потешка клиничка слика, а 6 пациенти се на респираторна машина.
Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни.
Денеска нема да ја одржиме редовната прес-конференција. Одделението за односи со јавноста во Министерството ќе одговори на сите поставени прашања од страна на медиумите.
Двајцата новозаболени битолчани се сопруг и дете на веќе заболено лице од Битола, соопштија од Министерството за здравство за Апла.мк.
Првиот регистриран случај на коронавирусот во Битола, Христијан Трпчевски, пред малку се огласи на својот ФБ профил и одговори на сите обвинувања, стигматизирања, исмејувања на социјланите мрежи на негова сметка. Вели дека најверојатно се заразил од некој пациент во болницата „Плодност“ и покрај сите епидемиолошки мерки што се спроведуваат во оваа здравсвена установ. Раскажува за симптомите на болеста кој биле како обичен грип и одлуката да се тестира. Но првиот тест покжал дека е негативен на коронавирусот, но сепак, инсистирал на второ тестирање кое покажало дека е корона позитивен. Тој апелира секој кој има најмал сомнеж за добивање на овој вирус да се тестира. Ви го пренесуваме целиот ФБ статус на Христијан Трпчевски.