АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес се регистрирани 10 новозаболени битолчани што е рекорден број во последните месеци. Податокот е објавен на фб профилот на министерот за здравство Венко Филипче, како и од Институтот за јавно здравје. Од појавата на пандемијата со ковид-19, само еднаш Битола на дневна основа имаше повеќе заболени , дури 11, инаку сите други денови бројките беа помали. Од центарот за јавно здравје во Битола, пак, соопштија дека не се десет, туку 9 заболени. Оздравени се четворица битолчани. Од појавата на пандемијата до сега се заразиле 354 битолчани, а 84 се активни случаи.