×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Од јули доплата на посмртната помош, а Здружението на пезнионери ќе ја плати и разликата во цената за достава на огревно дрво

Јуни 17, 2022

Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола под претседателство на Даница Петличкова на денешната седница расправаше за активностостите што се одвиваа во изминатиот период. Донесена е одлука во село Породин, кое припаѓа на месниот огранокот на пензионери на Бистрица, да биде отворен куб за пензионерите во простор кој го отспапува без надоместок жител на село Породин.

Во рамките на своите хуманитарни акции Здружението нма пензионери им додели средства на Лигата за борба против рак кои ќе бидат искористени за автобуски превоз за еднодневна екскурзија. Финансиска подршка беше доделе на пензионерка за подмирување на на дел од средствата за издавање книга ,, Збирка на поезија“. При тоа, стана збор во догледно време да се одржи поетска вечер на која ќе настапат пензионери литературни творци, а со тоа да се поттикни творечката дејност на пензионерите.

Се донесе и одлука Здружението на пензонери да ја исплати разликата во цената за огревните дрва, која настана од енормното зголемување на нафтата и нафтените деривати , како и другите трошоци за утовар- растовар на дрвата . Се со цел да им се помогни на пензионерите испораката на дрва да се врши континуирано и навремено, согласно договорениот рок до крајот на септември огревното дрво да стигни на нивна адреса .

На седницата претседателката Даница Петличкова информираше дека во , Одлуката (Сл. Весник на РМ 134 13.06.2022 ) за времено определување на задршката за солидарен фонд –посмртна помош.чланарина и висината на исплатата на посмртната помош се менува и гласи:

Висината на посмртната помош што се исплатува на членовите на семејствата на починат пензионер изнесува 30.000 денари, почнувајќи од исплатата на јулската пензија , за сите пристигнати барања за исплата на посмртна помош до денот на влегување во сила на оваа одлука.

На примателите на посмртна помош на кои им е исплатена посмртна помош од 25.000 денари, почнувајки од исплатата на јулската пензија ќе им се доплати разликата од 5.000 денари, според редоследот на поднесено барање и во зависност од расположивите средста, најмалку на 1000 приматели месечно.

Доплатата на разликата од став 1 на овој член Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ќе го врши по службена должност. 

zz2

zz3

zz4

zz5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани