2win800x200

Бесплатни прегледи за рана детекција на рак на грлото на матката кај жени од 36 до 45 години

Март 08, 2022

Токму на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, во државата започнува организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка, а пријавувањето е преку веб платформата skrining.mk.

Од Министерството за здравство посочија дека со организираниот скрининг оваа година се опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП тест. Прегледот во рамки на овој скрининг за оваа возрасна група е бесплатен. Активностите се преземаат со цел  поголема заштита на женското здравје.

Веб платформата skrining.mk  за закажувањето превентивен преглчед од денеска е достапна. Таа е директно поврзана со системот „Мој термин“ и матичниот гинеколог веднаш добива информација за пријавени пациентки, по што ги известува пациентките во кој термин е закажан прегледот. Согласно распоредот предвиден во планот за ПАП тестирање, матичниот гинеколог ги повикува жените информирајќи за точниот датум и час кога треба да се направи ПАП тестот. 

„Мој термин во соработка со Националната комисија за рак на грло на матка изминатиот период интензивно работеше на оваа новина и за првпат на овој начин жените од предвидената група можат да се пријават да учествуваат во овој скрининг, а целта ни е да го зголемиме опфатот на жени кои ќе направат преглед, имајќи предвид дека раната детекција и превенција на ракот на грлото на матката е еднакво важна и во услови на пандемија“, соопштија од Министерството за здравство.  

Годинава се издвоени приближно 11 милиони денари за оваа потпрограма во рамки на Програмата за рана детекција на малигни заболувања. 

Препорака на СЗО е жените вклучени во скринингот да се поделени во три возрасни групи и тоа од 24-35, 36-45 и 46-61 година. Интервалот на спроведување на скринингот е три години се со цел да се опфатат сите овие возрасни групи.  

Ракот на грлото на матката е четврт најчест тип канцер кај жените во светски рамки, а во нашата држава во просек годишно заболуваат околу 150 жени од рак на грло на матка.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани